Почетна / Забава / Евровизија / Избркале новинар оти ја поддржал Македонија!

Избркале новинар оти ја поддржал Македонија!

Расел Дејвис, уредникот на најстариот и најрелевантниот евровизиски интернет портал „ЕСКтудеј“, каде што менаџер-директор е Грк, добил отказ! Не е тешко да погодите која е причината за очајната постапка на Гркот. Дејвис останал без работа затоа што ја поддржувал македонската делегација во Баку. Поралот не се согласувал со ставовите на Дејвис што ги искажал во интервју за МТВ.

„Додека бев интервјуиран во живо за Македонската телевизија, ги изразив моите лични ставови. Подоцна ми беше речено дека ова се коси со правилата на „Есктудеј“. Претходно и други уредници на „Есктудеј“ слободно ги изразувале своите лични ставови преку други медиуми. Веднаш побарав да ми биде разјаснето за што се работи за да знам за во иднина, но не добив никаков одговор“, изјавил Расел.

 

 

Инаку, тој е  еден од најискусните евровизиски новинари, јавува „Дневник“. Неговите содржини секогаш го збогатувале порталот на уникатен начин. Дејвис секоја година присуствувал кај три или повеќе земји за да напише извештај за нивниот избор. Годинава бил гостин во Унгарија, Македонија, Шведска и Грција.

„Имам многу пријатели од Евровизиската заедница од Грција, како и добри луѓе од грчката телевизија ЕРТ, кои секогаш биле пријателски настроени. Секоја Евровизија истакнувам дека односите меѓу македонските и грчките делегации се фантастични“, изјавил тој.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!