Еуфоријата на поранешните југословенски простори за втората полуфинална вечер на „Евровизија“ е видливо поголема, бидејќи оваа вечер меѓу другите земји, настапуваат Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Недостига само Црна Гора за Југославија на некој начин повторно да биде цела, но таа настапи во првата полуфинална вечер. Нашата Калиопи ќе настапи втора по ред, и посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе не однесе во големото финале. „Кристалната сала“ во Баку е подготвена, а исто така и изведувачите на 18-те земји учеснички. Со почеток од 21 часот на Македонската радио телевизија го гледаме второто полуфинале од најочекуваниот фестивал во годината, и се разбира, навиваме за Калиопи!
Chris | ТВ Пакет