Конечно, после четири години Македонија успева да заработи „билет“ за финалето на „Евровизија“. Моќниот настап на Калиопи вечерва сите не направи горди, сега со уште поголема еуфорија ќе го чекаме големото финале што ќе се одржи во сабота во 21 часот. Одличната вест од Баку сите не направи среќни и горди на нашиот претставник. Браво Калиопи!
Потсетуваме дека за време на настапот на Калиопи, имињата на нашата земја и на нашата претставничка беа главна тема на разговор на социјалната мрежа Твитер во светски рамки. „Црно и бело“ е фаворит!
Chris | ТВ Пакет