„Евровизија“ вчера ја следеа десетици милиони гледачи ширум Европа. Само 10 од 18-те земји учеснички успеаја да влезат во финалето. Меѓу нив е и Македонија. Тука сеуште се слави влезот во финале што конечно се случи по четири години, а богами и во Баку не е мирно!
Калиопи ќе настапи како 22 изведувач на финалето во Баку, еве што изјави на вчерашната прес конференција:
„Ние го славиме животот преку музика и јас вечерва славам со срце за мене и за мојата земја – Македонија. По четири години конечно сме во финалната вечер“, изјави таа, а присутните ја поздравија со бурен аплауз.
фото: Дневник
Chris | ТВ Пакет