Телевизија Сител најавува нова серија во својата програма, но повторно на мистериозен начин. Имено, во форшпанот што ја најавува новата серија не е откриено многу, освен двата главни ликови и неколку балкански локации. Се вели дека оваа приказна може да се случи и да се разбере единствено во делот од светот кој се нарекува „Балкан“, па од тука ни дојде претпоставката дека можеби се работи за турската серија „Yabanci Damat“ чијашто љубовна приказна ги спојува Турција и Грција. Серијата е прогласена за најгледана во Грција, а оствари голем успех и во Турција. На почетокот, навидум комичните моменти, се само навестување за трагичните случувања што ги носи оваа приказна. Доколку нашата претпоставка е точна, гледачите ги очекува уште една драматична бајка.
Chris | ТВ Пакет