Почетна / Сапуници / Хрватската комедија на Сител добива и попладневен термин за реприза

Хрватската комедија на Сител добива и попладневен термин за реприза

Од понеделник до петок – “Kud puklo da puklo” на Сител

Одличната гледаност на хрватската комична новела “Што биде нека биде” ги натера Сител телевизија да обезбедат и попладневен термин за реприза на утринската премиера. Па така, гледачите освен во 10 часот наутро, од сега ќе може и во 17 часот да уживаат во возбудливото дејство, хумористичните дијалози и во една добро вклопена екипа.

Комична топла приказна за наследниците на стариот Ѓуро, кои се приморани да живеат во едно село како би го зачувале наследството во свои раце. Во спротивно, наследството ќе им припадне на селаните.

Ќе може ли внуците да се прилагодат на чудниот начин на живот во тоа село или итрите селани ќе ги натераат да си заминат од таму? Згодите и незгодите на ликовите во “Што биде нека биде” секое утро во 10 часот, со репризно издание во 17 часот попладне.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!