Почетна / МК Сцена / Пред концертите во Охрид и Битола, Каролина се одмара на Миконос

Пред концертите во Охрид и Битола, Каролина се одмара на Миконос

Каролина ужива на Миконос пред концертите ова лето

Каролина ова лето се враќа во родната Битола, со концерт во најубавата битолска локација, античкиот театар Хераклеја Линкестис, на 10-ти август. На концертот кој ќе трае два часа, Каролина и нејзиниот бенд ќе настапат со песните од новиот албум „Извор“, како и оние од историскиот проект „Македонско девојче“.

Влезнците се пуштени во продажба онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по цена од 400 денари (ненумерирани седишта).

Во тек е и продажбата на влезници на најпознатото македонско девојче и за концертот во Охрид, кој ќе се одржи на Античкиот театар на 11-ти август.

Цените на влезницитеза Охрид се следни:

SILVER SEATS- 500 денари

GOLDEN SEATS- 800 денари

Пред големите концерти, македонската дива ужива во убавините на грчкиот остров Миконос, кој веќе еднаш го посети лани. Убави фотографии осамнаа на нејзиниот Инстаграм профил, преку кои се гледа дека Каролина останува препознатлива по нејзиниот уникатен, елегантен и фантастичен стајлинг во било која прилика.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!