Почетна / МК Сцена / „Инструментал бенд“ објави нова песна на популарниот канал Вејв Мјузик

„Инструментал бенд“ објави нова песна на популарниот канал Вејв Мјузик

Со „Очи пуне суза“,„Инструментал Бенд“ го освојува Балканот

 

Македонската музичка група „Инструментал Бенд“ ја пушти во етер својата најнова песна насловена како „Очи пуне суза“ заедно со видеозапис на популарниот Јутјуб канал Вејв Мјузик Тв.

Зад песната „Очи пуне суза“ како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува веќе докажаниот автор на бројни хитови – Драган Арсенијевиќ Наполеон. Зад техничките делови стојат Богдан Стојиљковиќ (Снимање, миксање и мастер) и Александар Сувајџиќ (едитирање). Пратечките вокали ги пеат Катарина Петриќ, Драган Арсенијевиќ Наполеон и Жарко Стојкоски. Комплетниот аудио материјал е снимен во студиото „Музичко атеље креативен звук“.

Во спотот во главната улога се појавува учесникот на реалното шоу „Парови“ и гитарист во бендот, Никола Стојановски. Тој на себе има специјална боја за тело која доловува посебен ефект и целосно ја истакнува неговата фигура, а во круг околу него танцуваат згодни манекенки од Белград.

Оригиналната приказна за видеото кое претставува и краток филм е на „NloFlow Videos“, а снимено е во врвното филмско студио на Ај-Ди-Џеј Видеос.

Како изгледа комплетно новиот производ на „Инструментал Бенд“, погледнете во продолжение.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!