Македонската претставничка на овогодинешното издание од фестивалот „Евровизија“ денеска се закити со престижно признание во Баку. Моќниот глас и харизмата на поп-кралицата Калиопи ја одушеви како домашната, така и целата публика на „Евровизија“. Во конкуренција од 14 учесници таа едногласно е избрана за носител на престижното признание од Националната музичка академија во земјата на огнот. Цела Македонија е среќна поради успехот на дивата, во земјата на сонцето никогаш повеќе не се чувствувала евровизиската еуфорија како денеска. Финалето ќе се одржи вечерва во 21 часот, возбудата расте, а се помалку време останува до почетокот на спектаклот. Со среќа!
Chris | ТВ Пакет