Почетна / Серии / Сител стартуваше со тин серија, веќе емитувана на локалните

Сител стартуваше со тин серија, веќе емитувана на локалните

Прва скопска МТМ телевизија премиерно ја емитуваше тинејџерската серија “Being Eve”.  Од неодамна, истата телевизија ја репризира серијата, а од денес серијата се емитува и на Сител телевизија во викенд утринските термини. Ова не е прва серија на Сител која се емитувала претходно на локалните телевизии. Лани се емитуваше теленовелата “Забранета страст”, а претходно и француската тин серија “Љубов на распуст”.

“Да се биде Ив” е снимена во Нов Зеланд во 2001 година од продукцијата South Pacific Pictures, во 26 получасовни продолженија. Серијата се фокусира на згодите и незгодите на тинејџерката Ив и нејзините секојдневни проблеми. Нејзините родители се разведени, но живеат куќа до куќа. Во почетокот на серијата, Ив е во врска со Адам, но подоцна раскинува со него и започнува романса со Сем, момчето со кого го имала првиот бакнеж како дете.

ТВ серијата се емитуваше и на останатите локални телевизии низ земјава како ТВМ (Охрид, Струга), Кис (Тетово, Гостивар), Ирис (Штип), Визија (Прилеп, Битола), ГТВ (Гевгелија) итн.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!