Екипата на индиската серија „Малечката невеста“, која на овој проект почна да работи уште во 2008-та година неодамна го прослави снимањето на, верувале или не, 1.000-та епизода. Во оваа голема бројка од епизоди ќе се случат и големи пресврти – во серијата ќе се појави нов маж во животот на Ананди. Неговото име е Сидарт Шукла, а во серијата ја има улогата на Шиврај Шекар, идниот сопруг на Ананди.
„Горда сум што сум поврзана со оваа серија. Публиката ни дава љубов и благодарност, а ние продолжуваме понатаму“, порачува актерката Смита Бансал, која во серијата ја глуми Сумитра.
{gallery}052012/nevesta{/gallery}
Ivana T. | ТВ Пакет