Почетна / Телевизија / Митската љубов меѓу Евридика и Орфеј вечерва на репертоарот на Наша

Митската љубов меѓу Евридика и Орфеј вечерва на репертоарот на Наша

21.30 часот, веднаш по “Најголемите градби на светот”

Вечерва на Наша, време за театар. На репертоар на 12 август на Наша ТВ е театарската претстава “Евридика”, дело на Нина Николиќ, која ја обработи како магистерски труд кај професорот Слободан Унковски. Се работи за проект што е работен по истоимениот текст од 2004 година на современата американска драмска писателка Сара Рул и за ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот, љубовта на Орфеј и Евридика.

Се слави љубовта без разлика дали е таа на овој или оној свет – после смртта. Пред таа љубов е прашањето или големата загатка: по заминувањто од овој свет постојат ли други светови во кои, можеби, с? е многу поубаво. Поетиката на претставата поентира и низ вистината дека секој има свое дрво под кое може да се засолни – само треба да го најде… Или, секој има свој камен, дрво, река или рамо на кое може да се “потпре”…

Улогите во претставата ги толкуваат Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Диме Илиев, Софија Куновска, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Нина Деан, Филип Трајковиќ и Соља Стамболџиоска.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!