ТВ Пакет ексклузивно ве информира за ноќните филмски хитови кои следнава седмица ќе се емитуваат на телевизија Телма во 22 часот. Во продолжение краток осврт на филмовите, кои се веќе и претходно емитувани на оваа фреквенција :
понеделник (13 август) – “Како глуварчиња”
Единецот на Венди и Рип не е веќе нивен и потребна е храброст и сила за да го вратат детето назад. Емотивна драма за едни други страни на родителството. Режијата е на Џон Ган, а улогите ги толкуваат Мира Сорвино, Кол Хаузер.
вторник (14 август) – “300”
“300” е Американски воен филм од 2007 година, адаптација на романот 300, кој го напишал Френк Милер, инспириран по името 300 Спартанци. Го режираше Зак Снајдер со Френк Милер, како извршен продуцент и консулант, а ја прикажува историската Термопилска битка. Филмот зборува за кралот Леонидас кој води триста Спартанци во битка против Персискиот “Бог-Крал” Херхес и неговата инвазиона армија која се состоела од триста илјади војници. Спартанскиот војник Дилиос ја раскажува приказната на филмот. Во главната улога ги следиме Жерард Батлер.
среда (15 август) – “Судијата”
Кога ќе почине мајка му успешниот адвокат Хенк Палмер е принуден да се врати дома, а таму го чека најважниот случај во неговата кариера. Татко му е обвинет за убиство а семејството е отуѓено. Филмот беше номиниран за „Оскар“, режијата е на Дејвид Добкин, а во главните улоги на “The Judge” ги гледаме Роберт Дауни Џуниор и Роберт Дувал.
четврток (16 август) – “Ме нема”
Поет, пророк, одметник, рок икона, лажна ѕвезда, проповедник. Кој е вистинскиот Боб Дилан? Шестте инкарнации на Боб Дилан во биографскиот филм ги играат дури шест различни актери. Кристијан Бејл, Кејт Бланшет, Хит Леџер, Ричард Гир, Џулијан Мур во “I’m not there”, филм на Тод Хејнс од 2007 година. Филмот ја раскажува приказната користејќи нетрадиционални техники, слични на поетскиот наративен стил на Боб Дилан. Своето име филмот го добива од истоимената песна на Боб Дилан од 1967, која не била објавена се до овој филм. Прифатен од критиката, „Не сум таму“ се најде на многу топ списоци на филмови за 2007.
петок (17 август) – “Островот”
Акциски СФ спектакл, режиран од Мајкл Беј кој после успешна кариера на запазени видеоспотови, режираше и големи кино хитови како рансформери, Перл Харбор и Армагедон. Следиме приказна за двајца млади луѓе, кои откриваат дека се клонови и решаваат да побегнат од изолацијата во која ги држи една моќна и злобна корпорација. Скарлет Јохансон ја толкува девојката која заедно со главниот лик ќе приредат вистинска акција и напнатост до самиот крај на разврската на “The Island” (2005).
Дани | ТВ Пакет