Почетна / Филм / Кои ЈУ филмови ќе ги емитува Алфа за крај на август

Кои ЈУ филмови ќе ги емитува Алфа за крај на август

21.30 часот, секоја вечер, југословенски филм на телевизија Алфа. Во продолжение погледнете ги насловите за следнава седмица :

понеделник (27.август) – “Љубовен случај или трагедија на службеничката од ПТТ”

Млада поштенска службеничка започнува романса со сериозен дечко, но за време на негово службено отсуство од градот, таа започнува афера со еден колега од работа. Девојката останува бремена и работите ќе се искомлицираат кога ќе се врати нејзиниот дечко и ќе дознае за нејзиното неверство. Ева Рас, Слободан Алигрудиќ, Ружица Сокиќ и Миодраг Андриќ во трагичната љубовна драма од ’67ма.

вторник (28 август) – “Три палми за две бараби и едно рипче”

Срѓан Жика Тодоровиќ, Дубравка Мијатовиќ и Горан Радаковиќ во познатиот филм од 1998 година. Дејството се одвива во Србија, време по распадот на Југославија и време на голема економска катастрофа. Голем фан на Партизан и продавач на слики се вљубува во млада девојка која работи на телефонска секс линија. Тие се здружуваат со уште едне пријател, со намера да ограбат банка и да заминат далеку на остров.

среда (29 август) – “Пред вистината”

ЈУ филм од 1968 година, дело на Воислав Кокан Ракоњца. Филмот ја прати судбината на адвокатот Страхиња Петровиќ (Љуба Тадиќ) кој е симнат од својата функција, и затоа решава да замине за Белград и за помош да се обрати кај своите соборци со кои војувал заедно во Втората светска војна. Таму го среќава Младен (Бранко Плеша), човекот кој за малку ќе го убиел во војната пред дваесет години. Но сега, време подоцна, двајцата се зближуваат поради идеолошките ставови кои ги делат, и започнуваат големо пријателство засновано на вистини и доверба.

четврток (30 август) – “Заѕидани”

Продолжение на “Пред вистината”, последен филм на Воислав Кокан Ракоњца. Филмот повторно ги спојува Страхиња и Младен, меѓу кои се разви пријателство, но поради прељуба, истото завршува со убиство. Па така, адвокатот Страхиња заминува во затвор. Данило Бата Стојковиќ ќе го гледаме во улогата на затворскиот чувар, Гаврило.

петок (31 август) – “Земјаци”

ЈУ филм од 1971 година на македонски јазик, чие сценарио е напишано од Коле Чашуле. Улогите ги толкуваат Дарко Дамевски, Тодорка Кондова, Драги Костовски.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!