Од понеделник, 3. септември 2018-та, на Телма телевизија започнува нова сезона од “Топ Тема” со Снежана Лупевска Созен, Боби Христов и Сања Васиќ. Влијателна и гледана политичка дебата овојпат без Чом, за кого напишавме дека направи трансфер во 1 ТВ.
https://www.facebook.com/toptemanavasastrana/videos/1981108045242717/
Понеделник, среда и петок во 19.15 часот ќе ги следиме најжестоките политички судрувања на власта и опозицијата за актуелните политички случувања. Во центарот на дискусиите ќе биде престојниот референдум, со кој Македонија треба да одлучи дали сака да го поддржи Договорот со Грција и со тоа да си обезбеди пат кон Еу и Нато. Не пропуштајте ги новите дебатни емисии од единствената “Топ тема” на Телма, а во четврток во истиот термин – Оливера Трајковска со нејзината “Вин Вин”.
Дани | ТВ Пакет