Почетна / Серии / 10 години од премиерата на „Млади бунтовници“

10 години од премиерата на „Млади бунтовници“

Пред десет години продуцентката Крис Морена го создаде феноменот „Rebelde Way“, пред една деценија Аргентина беше сведок на раѓањето на телевизискиот проект што успеа да ги маѓепса тинејџерите ширум светот. На 27-ми мај во 20 часот, Azul TV почна да ја емитува серијата што кај нас се емитуваше под името „Млади бунтовници“, програмата која во тој момент беше прогласена за најгледана.

 

Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас, Луисана Лопилато и Фелипе Коломбо беа главните јунаци во оваа безвременска тинејџерска приказна, а сцената ја делеа заедно со веќе докажаните Кетрин Фулоп и Фернан Мирас. Во серијата се формираше и музичка група, која потоа стана популарна насекаде низ светот. „Erreway“ издадоа 3 албума, откако снимија две сезони за телевизиската серија и еден филм со кој ја заокружија целата бунтовничка приказна. Филмот беше насловен како „Erreway, 4 caminos“.

 

 

 

„Rebelde Way“ и „Erreway“ направија голем успех во Латинска Америка, но и во други делови од светот како Израел, Мексико и Шпанија. Форматот беше продаден во повеќе држави каде што се реализираа локалните верзии како онаа во Мексико која постигна завиден успех. Најголемите фанови на оваа серија во саботата се вклучија на социјалните мрежи и со емоции се сеќаваа на убавите денови кога се дружеа со своите идоли. Но тие не беа единствените, истото го сторија и актерите од серијата на своите профили на Твитер.

 

 

Фелипе Коломбо напиша: „Ви благодарам на сите за поздравите, ви честитам и на вас, успехот што е зад нас е заеднички. Помина една деценија. Лесно е да се каже, но всушност 10 години се навистина многу! Благодарам!“

Луисана Лопилато исто така се појави на Твитер со свој пост: „Ви благодарам на сите за десетгодишнината, без вас ништо нема да беше можно! Благодарам за неизмерната љубов и поддршка! За вас!“.

Викторија Марете твитна: „Пораките се прекрасни, благодарам! Колку е убаво да се знае дека и после 10 години сеуште сме присутни во секој од вас! Благодарам за поддршката“

 

 

А потоа следуваа сите останати актери од серијата, сите со голема благодарност за неизмерната поддршка од фановите. Во Македонија оваа серија се емитуваше на А1 телевизија. Музиката на групата се продаваше во сите продавници, а потоа следуваа и други производи со ликовите на Миа, Мануел, Пабло и Марица. Крајот на приказната измами солзи кај сите, а измама направија и А1 кога во весникот „ВРЕМЕ“ објавија дека групата ќе дојде во Македонија на концерт. Никогаш не ги видовме во живо!

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!