Почетна / Серии / Во пресрет на новата сезона, реприза на „Среќниот Хари“ на Сител

Во пресрет на новата сезона, реприза на „Среќниот Хари“ на Сител

Од продукцијата на Carnival Films и POW! Entertainment …

Пред стартот на третата сезона, Сител телевизија од понеделник до петок во 23.30 часот ја репризира британската серија “Среќниот Хари” (Stan Lee’s lucky man), односно првите две сезони емитувани премиерно пред неколку месеци.

Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една преспиена ноќ со мистериозната Ив од кога што и добива античка кинеска бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето по што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги прави работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.

Улогите ги толкуваат James Nesbitt, Eve Best, Sienna Guillory, Amara Karan, Darren Boyd, Steven Mackintosh, Stephen Hagan, Thekla Reuten. Досега се снимени вкупно 3 сезони од приказната за среќниот Хари.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!