Македонскиот пејач кој веќе 15 години живее во Америка, Антонио Тасевски е редовен гостин на сите свадби, веридби и крштевки на нашите иселеници во Чикаго.
– Многумина од нашите иселеници ме викаат да им пеам македонски песни за нивните најубави моменти. Убаво е што е се негува традицијата за свадби, веридби и крштевки да се пее наша, македонска песна. Настапувам и во многу локали низ Чикаго, пеам и забавна и народна музика. Сакам да ги правам луѓето среќни, вели Антонио Тасевски.
Тасевски после воениот конфликт во 2001 година заедно со своето семејство одлучиле да ја напуштат својата татковина и подобар живот да побараат во Америка. Негови идоли се Тоше Проески и Наум Петрески, а денеска заедно со својата сопруга има компанија за транспорт на автомобили.
Во продолжение слушнете како звучи во живо нашиот Антонио Тасевски:
Дани | ТВ Пакет