Почетна / Телевизија / За 15 дена ќе се знае судбината на А2 телевизија

За 15 дена ќе се знае судбината на А2 телевизија

Постапката за одземање на дозволата на А2 телевизија е отпочната. СРД им даде рок од 15 дена да ја усогласат програмата согласно добиената дозвола. Седумдневниот мониторинг покажал дека на А2 се емитува за 0,62 проценти помалку образовна програма, на сметка на високиот процент забавна програма. Добија позитивна оценка за промената во програмската шема изминативе денови, но и негативна критика за техничките проблеми што се забелеуваат при емитувањето.

 

 

Денешната седница на Советот за радиодифузија беше пресудна за судбината на 4 радија. Радио Емикс Охрид, Радио Пехчево, Беса Долнени и АБ Кочани останаа без дозвола за работа поради долговите кон Советот, а без дозвола за работа остана и битолската телевизија Меди.

Телевизија Шутел, пак, доби критика за неусогласеност на форматот на програмата што ја емитува, поради што Советот наложи мониторинг и за оваа телевизија. Доколку не го средат проблемот и тие ќе останат без дозвола за работа.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!