Почетна / Сапуници / Хрватска серија „Најдобрите години“ во 22 часот на Телма

Хрватска серија „Најдобрите години“ во 22 часот на Телма

ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО 22 ЧАСОТ – ТЕЛМА ТВ

“Најдобрите години” e хрватска серија која две години се прикажуваше на хрватската телевизија Нова. Режисери на серијата се Mladen Dizdar, Robert Orhel, Goran Rukavina и Kristijan Milić, а креативен продуцент Milivoj Puhlovski. Сценаристи на серијата се Мило Грисогно, Ива Филаковац, Ана Симициц и Саша Подгорелец. Поради големата гледаност на првата сезона од септември 2009 до јуни 2010, серијата доживеа и втора сезона. Во текот на прикажувањето, серијата падна на второто место по гледаност само кога турската серија “1001 Ноќ” беше најгледана серија во Хрватска.


Зад песната “Најбоље године” се потпишува Мирослав Шкоро. За потребите на снимањето е изградено цело село на површина од 40.000 м². Главните улоги им се доверени на популарната Зона Замфирова или актерката Катарина Радивојевиќ и Јанко Поповиќ Волариќ. Серијата е снимена од Media Pro Entertainment за Нова ТВ, а во Македонија започнува од понеделник – 1 октомври во 22 часот на Телма телевизија.

Содржина:
Почувствувај страст, почувствувај радост, почувствувај топлина, почувствувај љубов, почувствувај желба за најдобрите години.
Лорена Левај е модерна девојка која живее во град. Поради сплет на многу необични и судбоносни околности, таа пристигнува во малото село Драгошје, откако ќе го доживее најтешкиот ден во животот и на приватно и на професионално поле. Престојот во селото на оваа симпатична девојка ќе биде продолжен поради низата недоразбирања кои ја пратат Лорена. Еден кобен ден ќе биде доволен Лорена да се замери со една личност со која никогаш не требало да го направи тоа, па поради тоа ќе предизвика пожар и ќе ја запечати својата судбина засекогаш. Старата семејна куќа станува нејзин дом, а малото село и неговите жители нејзин свет.

И покрај неприликите, полека но сигурно, Лорена повторно ќе почувствува страст кон животот, кон опојниот шарм на малечкото село, но и кон локалното момче Ранко. Тоа ќе ја наведе да ја преиспита вредноста на градскиот живот на кој е толку навикната и да ја прифати реалноста – нејзиниот живот е сега на село, а нејзината вистинска љубов е туѓ вереник. Лорена своето ново место и неговите жители ќе ги запознава заедно со гледачите на серијата кое сигурно ќе им влезе под кожа. Гледачите така ќе добијат прилика да бидат сведоци на животните подеми и падови на луѓето кои не потсетуваат на нашите соседи, роднини, родители, пријатели па дури и нас самите.
Во серијата се појавуваат ликовите на Ружа Хајдук, авторитативна жена која го води селото, еден злобен и сенилен дедо, еден селанец кој се вљубува во девојка од град и така натаму. Многу љубов, омраза и тајни се дел од животите на луѓето кои живеат во селото Драгошје.

Улоги: Janko Popović Volarić, Asja Jovanović, Katarina Radivojević, Žarko Potočnjak, Velimir Čokljat, Jasna Odorčić, Robert Jozinović, Duško Valentić, Mirta Zečević, Ksenija Pajić, Mia Dejanović, Maša Dejanović, Jelena Perčin, Nikolina Pišek, Ivan Herceg, Vesna Tominac Matačić, Ivan Pašalić​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!