Почетна / Серии / Повторна реприза на воената драма и во новата година на МТВ

Повторна реприза на воената драма и во новата година на МТВ

Kampen om tungtvannet” повторно на Прва

Уште една скандинавска серија репризно на МТВ 1, работена во продукција мна Норвешка, Велика Британија и Германија. Репризите на “Саботери” ќе се емитуваат во прајмтајм, од понеделник до петок, од првите денови на 2019-та.

Мини серија за едно од најдраматичното, но и најмалку познато поглавје од Втората светска војна – обидот на нацистичка Германија да направи нуклеарна бомба. Серијата зборува и за германските научници кои користеле уреди за производство на тешка вода во Норвешка за добивање ураниум, главна компонента за производство на атомска бомба, како и за плановите за саботажа на тие уреди. По неколку дена марширање низ длабок снег, шестмина норвешки командоси конечно пристигнуваат на една планинска висорамнина над норвешкото гратче Рјукан.

Таму се среќаваат со уште четворица војници кои учествувале во претходни неуспешни обиди за саботирање на централата. Во прашање е многу тешка задача, но влогот е преголем – да се спречи Хитлер да направи атомска бомба.

Главните улоги во оваа историско воена драма ги толкуваат Еспен Клоуман Хејнер, Кристоф Бах, Ана Фрил, Пип Торенс, Денис Сторхеј

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!