Телевизиската емисија “На иста страна” продолжува на Сител со нова сезона и нов термин на емитување. Од сега, секоја недела во 14.15 часот гледачите ќе следат нови вистински приказни од општественото живеење. Интересни приказни од дружвите на јавните личности, граѓански стории за соживотот и пријателството, приказни за предрасудите и начините како да се отстранат, за почитта и толеранцијата кон различниот од себе.
Мултиукултрурализмот, мултирелегиозноста и мултиетничноста се вредности на секое општество. Но, за да се постигнат таквите цели потребно е создавање на амбиент за почит нa различноста. За таа цел е потребна информација која ќе ја промовира таквата различност, а потребна е и меѓусебна искрена комуникација на носителите на верските различности.Слабост или предност. Различностите ја прават Македонија посебна. Различни религии, обичаи, традиции… Што е тоа што ги држи сите „На Иста Страна“.
Новата емисија во новиот термин ќе ни прикаже сторија за децата без родители.
Дани | ТВ Пакет