Почетна / Сапуници / „Ти си само моја“ од сега за викенд прајмтајм на Сител

„Ти си само моја“ од сега за викенд прајмтајм на Сител

На Сител телевизија стартуваше нова телевизиска серија. “Ти си само моја” е турска љубовна драма која оваа есен ќе ја следат гледачите на Сител, и тоа само во сабота и недела во 19.45 часот.

Приказна за двајца млади чија љубов ќе ги надмине класните разлики, ќе ги победи суетите и ќе ги спои неспоивите парчиња на сомнежот. Приказна за Еждер и Нагме, кои во следните епизоди ќе се соочат со големи препреки на патот до нивната среќа. Непосакувана снаа во богато семејство. Невестата ќе наиде на уште поголеми сопки од страна на членовите на семејството на сопругот кои ќе сакаат да ја избркаат од нивниот дом и фамилија. Следете ја “Ти си само моја”, приказна за невестата која во новото семејство ќе мора да се избори со злото и зависта.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!