Сабота и недела во 16.30 часот – “Секунди до катастрофата”
Во новата сезона на Сител започнуваат и новите емисии на “Секунди до катастрофата”, секоја сабота и недела во 16.30 часот, веднаш по вестите. “Seconds from disaster” е телевизиски документарен серијал, емитуван на National Geographic од 2004 до 2007 година. Се работи за серијал кој ги истражува човечките трагедии и природните катастрофи кои влијаеле на промени во светот. Секоја епизода ни претставува по една катастрофа, анализирајќи ги притоа сите причини и околности кои довеле до големата несреќа.
Катастрофите не се случуваат туку така, тие се ланец на критички предслучаи. Историски настани, изјави, сведочења и симулација на ситуации, хронолошки подредени, секунда по секунда до катастрофата ќе бидат прикажани во секоја емисија на различна катастрофа. “Секунди до катастрофата” е снимена во 67 продолженија од страна на Darlow Smithson Productions.
Во новите емисии на Сител ќе ги погледнете несреќните околности кои довеле до најголемата бродска несреќа на Титаник, ќе бидеме сведоци на големиот Минхеншки масакр на летните олимписки игри од страна на палестинска терористичка група, на несреќа со климатизери во Кореа, како и на многу трауматични последици од авионски несреќи, земјотреси, вселенски подвизи и вулкански ерупции.
Дани | ТВ Пакет