Почетна / Телевизија / „Го женам синот?“, нов риалити формат од недела на Сител

„Го женам синот?“, нов риалити формат од недела на Сител

Мајките се тие што знаат најдобро што е добро за нивните синови, и во тоа радо ќе им помогне и новата емисија на Сител телевизија. “Го женам синот?” е формат кој ќе ги забавува гледачите на Сител од 7 октомври во 21 часот, веднаш по турската хит серија “Ти си само моја”. Во средиштето на шоуто се мајките кои знаат што да одлучат за нивните синови, кои од друга страна, пак, се веќе подготвени да ја пронајдат вистинската љубов.

Во шоуто се запознаваме со момчиња кои се шармантни, згодни, посакувани, но сепак слободни и сепак сѐ уште живеат со своите мајки. Поради тоа доаѓа крајно време, мајките да превземат нешто во свои раце и да им помогнат на синовите да ја пронајдат љубовта на нивните животи. Затоа мајките, синовите и потенцијалните снаи се пријавуваат во ова хрватско телевизиско шоу, кое се емитуваше на Нова оваа година.

Мајки и синови, низ разни заеднички активности поминуваат елиминациски процес со интересни девојки, сѐ додека синовите не ги одберат оние најдобрите за себе. Иако синот е тој кој одбира, сепак сѐ се случува под будното око на мајката.

Па така од епизода во епизода ќе гледаме како девојката ќе се снаоѓа во домот на свекрвата, како ќе се развива односот мајка син, или односот син девојка, или свекрва снаа. На крајот на авантурата, во присуство на мајката, кандидатот ќе мора да одлучи дали ќе се ожени за некоја од девојките или не…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!