Ако до минатата ТВ сезона, играните филмови на Телма се емитуваа во 22 часот, од сега ќе се емитуваат во 23 часот, од понеделник до петок. Еден филм дневно, веднаш по заршување на новата хрватска серија на Телма, “Најдобрите години”. Единствено во сабота и вторник, има термин од 19.10 часот резервиран за уште еден филмски наслов.
Понеделник, 8 октомври, во 23 часот ќе се емитува “Последна шанса за љубов” (Last chance Harvey – 2008 година). Њујорчанецот Харви Шајн е на раб да ја изгуби и онака бескорисната работа како писател на џинглови. Шефот го предупредува дека има уште една шанса да даде некакви резултати, по што Харви оди на викенд во Лондон, да присуствува на свадбата на ќерка му, но ветува дека ќе се врати во понеделник наутро за важен состанок – инаку ја губи работата. Кога Харви пристигнува во Лондон, дознава дека ќерка му избрала нејзиниот притатко да ја води до олтарот, наместо тој. Обидувајќи се најдобро што може да скрие дека е уништен од тоа, ја напушта свадбата пред приемот, со надеж дека ќе стигне до аеродромот навреме, но сепак го пропушта авионот. Му се јавува на шефот да објасни, но тој веднаш го отпушта.
Давејќи ја тагата во барот на аеродромот, Харви почнува разговор со Кејт, малку напната, 40-годишна работничка во Државниот завод за статистика. Харви успева да допре до Кејт, чиј живот е ограничен на работата, со повремени слепи состаноци и бескрајни телефонски повици од нејзината здодевна мајка, а нејзините интелигенција и сочувство потпалуваат нова енергија во него. Улогите ги толкуваат Dustin Hoffman, Emma Thompson, Kathy Baker, James Brolin, Eileen Atkins.
Дани | ТВ Пакет