Балканско кино на Телма, секој вторник во 19.10 часот. Понеделник, среда и петок во тој термин на Телма ја следите политичката дебата “Топ тема”, во четврток е Оливера со нејзината “Вин вин”, а вторник е термин резервиран за најдобрите балкански продукции. Овој вторник, 9 октомври ќе се емитува бугарскиот филм “Мисија Лондон” од 2010 година, во кој учествува и Македонија во копродукцијата.
Поради приклучувањето на Бугарија во ЕУ, во амбасадата во Лондон се подготвува концерт а задачата на новиот амбасадор Варадин е да се погрижи кралицата да присуствува. Но со корумпиран персонал, криминални банди кои работат надвор од кујната, вљубувањето во стриптизета и мало недоразбирање со ПР агенција која обезбедува „копии на кралското семејство“ – неговата едноставна задача се претвора во хаотичен кошмар.
Режијата е на Димитар Митовски, а улогите ги толкуваат Јулиан Вергов, Алан Форд, Ралф Браун, Томас Арана.
Дани | ТВ Пакет