Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и тоа секоја сабота во 20 часот и 45 минути. Оваа сабота, 13 октомври на репертоарот на 24ка е “Последниот волк”, филм во кинеско француска копродукција и базиран на позната кинеска автобиографија од 2004та година. “Wolf totem” има освоено награди за најдобра режија и актер на интернационалниот филмски фестивал Beijing, како и на Golden Rooster Awards и Macau International Movie Festival.
Дејството се одвива во Кина, 1967 година, време кога едукативната програма на владата испраќа студенти од урбани во рурални средини како би го подучувале тамошното население. Во Монголија, младиот Чен ќе има можност да се запознае со средината, културата на жителите и нивната чудна и нераксинлива врска која ја имаат со волците. Она што се заканува во тој регион е најавата дека владата сака да го истреби тој животински вид, па затоа Чен ќе тргне во опасна авантура сакајќи да ги спаси волците од убивање.
Дани | ТВ Пакет