Како што објавивме, вечерва на Алфа телевизија започнува новото српско реално шоу “Задруга”. Покрај многутте скандалозни личности од српската риалити сцена кои се дел од шоуто, во него влезе и една Македонка.
Се работи за 24 годишната скопјанка Елеонора Миљковиќ, дипломиран правник која е позната Инстаграм фигура. Фотографирање, теретана, плажа, здрава исхрана е нејзиниот стил на живот.
„Не се плашам од ништо, односно единствен страв ми е ако нема храна. Јас кога сум гладна, тоа навистина е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат“, кажа Елеонора во своето претставување пред влегувањето во реалното шоу.
Како девојката ќе се снајде во задругата и дали веќе се појавија првите симпатии меѓу неа и еден од учесниците, останува да дознаете во новото шоу на Алфа, кое ќе го следите секоја вечер на оваа фреквенција.
Дани | ТВ Пакет