Доколку гледачите сакаат да се информираат за програмскиот распоред на содржините кои се емитуваат на дел од телевизиите, тоа нема да може да го сторат. Доволно е да се отворат интернет страниците на дел од телевизиите и да се забележи дека програмски шеми / водичи нема, или пак воопшто не се ажурирани.
Па така, на сајтот на Алсат стои програмска шема од пред две години. На Телма во полињата за деновите не постои никаков распоред на програма, а пак на интернет страните на Алфа и ТВ 24 такво нешто воопшто не ни постои како опција да се види.
За разлика од овие телевизии, националните Сител и МТВ 1 редовно и точно ја ажурираат програмата на нивните страни, од каде може да се информирате за тековните содржини. Истото е и со дел од локалните телевизиски станици, меѓу кои и Прва скопска МТМ. Нивниот пример треба да го следат и останатите телевизии и да им овозможат информација на гледачите за програмскиот распоред.
Дани | ТВ Пакет