Почетна / Серии / Најновата сезона на „Среќниот Хари“ премиерно на Сител

Најновата сезона на „Среќниот Хари“ премиерно на Сител

Од продукцијата на Carnival Films и POW! Entertainment …

Од понеделник (22 октомври) во 23.30 часот на Сител телевизија ќе започне со емитување последната трета сезона од британската СФ акциона серија “Среќниот Хари” (Stan Lee’s lucky man).  Серијата премиерно заврши со емитување во В. Британија минатиот месец.

Хари е детектив во Лондон, чиј живот се менува по една преспиена ноќ со мистериозната Ив од кога што и добива античка кинеска бразлетна која има чудна моќ. Таа носи натприродна среќа. Па така, ако дотогаш Хари имал проблем со коцкањето по што ги изгубил жената, ќерката и парите, сега со новата моќ, тој почнува да си ги прави работите во своја корист. Среќата му помага и во работата, во решавање на тешките убиства кои му се доделени како случаи.

На почетокот на новата сезона, Хари Клејтон заминува во Хонг Конг, каде што Ив е обвинета за убиство, а потоа се враќа во Лондон каде продолжува неговата борба за докажување на невиноста и потрага по најопасните криминалци.

Улогите ги толкуваат James Nesbitt, Eve Best, Sienna Guillory, Amara Karan, Darren Boyd, Steven Mackintosh, Stephen Hagan, Thekla Reuten.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

error: Содржината е заштитена!