Минатата недела започна осмата сезона од “Живот со стил” на телевизија 24. Секој четврток во 22.30 часот, Елена Стефановска ќе биде домаќинка на интересни и познати јавни личности кои ќе зборуваат за својот стил на живот, облекување и однесување, а ќе споделат и интересни детали и анегдоти за нивната кариера.
Во првата емисија, гости на Елена беа Трифун Костовски и Стефан Рашковиќ, а во втората емисија беа Антониа Гиговска и Четкар. Секој четврток, нова емисија од ток шоуто на ТВ 24.
Дани | ТВ Пакет