Почетна / Забава / Жирито на хрватскo шоу ги „затна“ ушите од нашата Македонка

Жирито на хрватскo шоу ги „затна“ ушите од нашата Македонка

Во Србија поради ниски рејтинзи повеќе не се емитува, но затоа Хрватска реши да емитува своја верзија на “Пинковите ѕвезди”. РТЛ телевизија од неодамна го прикажува музичкото шоу “Ѕвезди”, каде меѓу другите настапува и македонската натпреварувачка Девана Ѓоргиевска, позната како девојката која личеше на Мерлин Монро во “Македонски Идол” (А1, 2009 година).

Таа сега има 24 години, а со драго срце слуша шлагери и латино музика, но свири и на клавир. Во најновaта емисија на хрватското шоу настапи со песната “Počnimo ljubav iz početka” од Бети Ѓорѓевиќ, и успеа да издејствува само негативни реакции од жирито кое не ја пушти во следната фаза од натпреварот. Во еден момент, дури Жак ги извади слушалките и не можеше да ја слуша Девана како пее.

Ова беше неверојатно лошо, грдо, агресивно – искоментира Жак, на што Девана не одолеа и се побуни.

Погледнете како изгледаше и звучеше обидот на Девана да стане хрватска ѕвезда :

https://www.facebook.com/gledytv/videos/1034978086709283/?t=1

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!