Според податоците од агенцијата „Nielsen“, американската телевизиска станица CNN бележи драстичен пад на гледаноста на информативната програма, а според резултатите од гледаноста на телевизиската програма во месец мај, оваа година им е најлоша во последните 20 години.
CNN во мај се збогуваше со поддршката на повеќе од 50% од публиката која ја следеше изминатава година, јавува „Independent“. Бројот на гледачи кои следат вести на CNN во мај падна на 388.000, од кои личности на возраст од 25-45 години, што се многу важни за маркетинг клиентите, беше само 113.000 лица.
Една од причините за паѓање на телевизискиот рејтинг е она што интернетот е многу позастапен извор на информации. Проблемот за CNN е и фактот што таа телевизија ги губи гледачите, многу побрзо отколку ривалските радиодифузери. Телевизијата, која беше пионер кога станува збор за воведување 24-часовна информативна програма уште од 80-те години, со децении беше еден од најпочитуваните телевизиски канали, но во последниве години се соочува со силна конкуренција од телевизиски станици како FOX и MSNBC.
Телевизиските рејтинзи, го доведуваат во прашање и опстанокот на водителот Пиерс Морган, ангажиран за да го размрда ударниот термин со едночасовните интервјуа. Тој сепак успеа да го привлече вниманието на само околу 400.000 гледачи, што преставува пад од 50% на гледаноста, и најлош резултат за дифузерот од почетокот на деведесеттите.
Nikola S. | ТВ Пакет