Почетна / Вебновела / Црвена месечина 100

Црвена месечина 100

 

 

100-то продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Доцна во ноќта, Фабијан ја извести Естер за враќањето на Алехандро на хациендата.
– Предмалку зборувал со Марија Клара. Ми кажа Клеменсија.
– Како е можно да се изборил за слобода толку брзо?
– Истото се прашувам и јас. Пред да бил пуштен, морало да се разгледа случајот и да се испита теренот. Како што функционираат нашите бирократии, случајот требаше да се одолговлекува со месеци.
– Можеби никогаш не се пријавил, – навести Естер.
– Мислиш дека лаже? Дека никогаш не пошол во полиција?
– Не би ме изненадило. Тој човек е многу интелигентен. Можеби измислува. Не заборавај дека е добар актер.
– И мислиш дека сето ова е само негова стратегија? Дојди утре на појадок и ќе зборуваме. Договорено. Се гледаме.
Откако го заврши рагзоворот, во просторијата влезе Магнолија.
– Значи се враќа Алехандро?, – праша таа.

Алехандро ја послужи гостинката со пијалок, седна наспроти неа на софата и гледајки во празно почна да зборува за своето минато :
– Да, моето вистинско име е Алехандро Негрете, наместо Молина. Кога починаа моите родители, за моето старателство се погрижија мојата тетка и тетин, тој беше престижен адвокат во Гвадалахара. Кога влегов во светот на глумата, го зедов нивното презиме, Молина, бидејки звучеше поприфатливо од Негрете, за светот во кој сакав да успеам.
– Оној ден, кога ја виде фотографијата од Рут, твојата мајка во мојата соба во пансионот, немав претстава кој си, – рече Висента.- Еден ден, Матилде ми кажа дека ја видела истата таа фотографија во твојата соба на хациендата и нештата ми станаа јасни. Ти си Алехандро, синот на мојата верна пријателка Рут и нејзиниот сопруг Родриго Негрете.
– Моите родители, – низ блага насмевка рече Алехандро. Речиси никогаш не зборуваше за нив и ваквите сеќавања на нивните имиња му годеа.
– Те помнам како мало дете кое трчаше по полињата на хациендата, – додаде Висента. – Мајка ти и јас бевме само слугинки, а татко ти беше надзорник. Нештата се променија по онаа несакана случка, која се надевам ја помниш.
– Никогаш не заборавив што се случи на таа хациенда кога бев дете, – рече Алехандро, стана од софата и пријде до прозорецот, гледајки во ноќта. Во главата му се враќаше минатото.
– Кога дознав дека Лорена е наследничка токму на тој имот, на таа хациенда, добив уште поголем мотив да се вратам на Ла Луна. Од една страна да го разоткријам човекот кој ја уби мојата сакана сопруга, а од друга да бидам онаму каде што бев најсреќен во моето детство, пред да се случи тоа што се случи.
– Шо се случи со твојата мајка откако почина Родриго? Двајцата заминавте од хациендата, јас тогаш престанав да работам таму…Со Рут се допишувавме често, но во нејзините писма чуствував празнина, отуѓеност…Не знаев дали тоа е поради фактот што и се случи на Ла Луна или е нешто што не сака да ми го каже.
– Бев многу мал кога заминавме од таму, имав само седум години но смртта на мојот татко и тоа случување кое никогаш нема да го заборавам и го промени животот на мојата мајка засекогаш. Ја загуби радоста, ја загуби насмевката, ја загуби ведрината…
– Рут ми беше како сестра, – додаде Висента со солзи во очите. – Делевме се заедно…Зошто не ми кажа кој си кога дојде во пансионот, синко?
– Бидејки тоа беше време кога не и верував ниту на сопствената сенка, доња Висента. Не можев туку така да ви кажам кој сум и зошто сум дојден. И ве молам, се додека не се задоволи правдата, се додека не биде казнет убиецот на Лорена, не сакам никој да знае дека сум син на Родриго и Рут Негрете.
– Твојата тајна ќе биде чувана од моја страна. Но, зарем Клеменсија никогаш не се посомнева?
– Зошто би се посомневала?! Алехандро е често име, а како што реков, бев дете кога ме виде последен пат.
– А твојата сестра?
Алехандро погледна во празно, па кратко одговори;
– Сеуште не знае за мене. Најдобро е да остане така.

Фабијан и Магнолија останаа до доцна во ноќта да зборуваат за случајот на Алехандро.
– Да рeчеме дека тоа е негова стратегија како што велиш, зошто би го сторил тоа?, – праша таа.
– Јас ги познавам таквите процедури, невозможно е случајот да биде затворен за толку кратко. Тој човек лаже, Магнолија.
– И тоа тебе ти оди во прилог?
– Секако, бидејки тоа значи дека не е сигурен во тоа што го вели. Пред се, значи дека се плаши. Само сакаше да глуми херој пред Марија Клара.
– Единствениот херој во куќава си ти, – додаде Магнолија, раскопчувајки ја неговата кошула.
– Но, сега кога ќе се врати, повеќе нема да имам трпение како до сега. Нека си ги земе парите и нека се изгуби.
– До каде е твојот развод?, – го праша таа, љубејки го зад увото.
– Зарем навистина мислеше дека ќе се разведам?, – ја праша тој низ насмевка.
Ваквиот одговор ја олади Магнолија.

Откако Висента замина од хотелската соба, Алехандро слезе со Дијана во лобито на хотелот на по еден коктел.
– И немаш намера да и се вратиш на твојата кариера?, – го праша таа, откако завршија со разговорот за Виснета.
– Секако дека сакам. Ми недостасува мојата професија. Но немам намера да се вратам на филмското платно, додека не се расисти случајот на хациендата. Патем, заборавив да ти кажам, доња Висента верува дека Сеси, девојката од панионот, била убиена.
– Тоа е апсурдно, – нервозно рече жената. – Кој би ја убил кутрата девојка?
– И јас го велам тоа, иако во еден момент и мене ми падна таа идеја. Но, девојката не познаваше никого во градов, кој би можел да ја убие?!
– И што ќе правиш со Марија Клара?, – го праша Дијана, менувајки ја темата.
– Ќе чекам да заврши бракоразводната постапка и ќе ја оженам, – одговори Алехандро.
– Ви посакувам да бидете среќни, – рече Дијана и ја подигна чашата со пијалок.
– Ти благодарам.
– Размислуваш да се преселите во Гвадалахара?
– Сеуште не знам, тешко дека ќе ја убедам Марија Клара да ја остави хациендата. А и би било себично од моја страна да го барам тоа од неа.
– Делуваш како да си навистина заљубен.
– И навистина сум, Дијана. Ја љубам повеќе од се на светот. За мене веќе не постои Лорена.
– Ме радува што го слушам тоа. И ме радува што Марија Клара го надмина стравот од интимност.
– Искрено, многу се плашев и затоа одбивав да бидеме интимни долго време, – во доверба и призна Алехандро. – Не знаев дали фригидноста се должи поради Фабијан или е навистина до неа. Речиси сум сигурен дека нешто и се случило како мала. Нешто повеќе од она што ти ми го кажа. Биди искрена, Дијана и кажи ми што и се случило? Била силувана?
– Да, – призна таа.
– Кој?, – праша.
– Клеменсија не знае точно, но според она што ми го кажа, сигурно бил некој познајник. Добро е што знаеш, бидејки и Фабијан се сомнева.

Следното утро, Естер влезе во лобито на хотелот и пријде до рецепција.
– Добро утро госпоѓице Естер, – ја поздрави рецепционерот.
– Како си, Бенигно?
– Бевте на одмор или на некое бизнис патување?
– Бев на одмор, – одговори таа. – А потоа и на работа во главниот град, затоа не сум поминала долго време.
– Неодамна, една ваша пријателка го бараше дон Артемио.
– Која пријателка?, – изненадено праша Естер.
– Дон Артемио рече дека се вика Исабел.
– И каква беше?
– Црнка, згодна, висока…
– Во ред, Бенигно. Артемио е во својот апартман?
– Утрово не сум го видел. Но, тука е госпоѓица Лусија.
– ОК. Благодарам, – рече Естер и се упати кон лифтот, кога од истот излезе Карлос.
– Здраво, – ја поздрави. – Се сеќаваш на мене?
– Да, – одговори збунето. Во мислите и беше црнката за која и напомена Бенигно. Секако дека се работеше за Ана Вирхинија споре описот на Бенигно.
– Сакав да те прашам дали знаеш нешто за мојот роднина Гаспар?
– Не знаев дека Гаспар ти е роднина.
– Да, но веќе го нема повеќе од четириесет дена. Како да го проголтала замја.
– Како тоа?
– Да, дури и полицијата почна да го бара. Се надевам дека скоро ќе има резултати потрагата.

Откако лекарот и потврди на Марија Клара дека е бремена, таа пресреќна изрипа во прегратката на својата тетка. Кога ја напуштија болницата, девојката предложи да чести сладолед.
– Не, каков сладолед, – одби старицата. – Да си одиме дома.
– Но, сакам сладолед од ванила и јагода, – инсистираше Марија Клара.
– Можеби сладоледот не е добар за плодот кој го чекаш.
– И зошто не би бил добар?
– Од каде да знам јас? Никогаш не сум чекала дете…
– Што ако моето дете сака сладолед?
– Да одиме по сладолед тогаш.

Лусија беше штотуку излезена од под туш, кога заѕвоне телефонот на бирото во апартманот на Артемио и потрча од бањата за да ја крене слушалката.
– Ало?!
– Лусија, добро утро. Овде Кармен, дон Рубен сака да зборува со дон Артемио.
Секретарката ја тргна слушалката од своето уво и му се обрати на својот шеф.
– Дон Артемио е во Њујорк, се враќа утре. Сакате да го побарам на мобилен?
Рубен ја зеде слушалката од рацете на својата секретарка.
– Кога се враќа Артемио?, – грубо ја праша Лусија.
– Добро утро, Дон Рубен. Господинот Артемио се враќа утре. Но, ако е итно, слободно можете да го побарате на мобилниот телефон.
– Не, не, остави не е толку итно. Само сакав да знам зошто се повлекоа луѓето кои требаше да ни ја изнајмат вилата за снимање на матријали? Загубија доверба, се сомневаа во нешто?
– Никој не загубил доверба, – одговори Лусија од другата страна на линијата. – Договорот се потпиша минатата недела. Освен тоа, попладнево имам состанок со режисерот кој ќе го снима филмот.
– Тогаш, најверојатно дошло до забуна, бидејки разбирав дека локацијата е откажана. Во ред, догледње, Лусија, – рече Рубен и ја спушти слушалката.
– Артемио ме излажа и сакам да знам зошто, – и се обрати на својата секретарка. – Утре побарај ја Ана Вирхинија, сакам да ја надгледува вилата каде што ќе се снима и нека се обиде да дознае во што е замешан Артемио.
– Да, господине.
– Верувам дека имбецилот се замешал во нешто од што не може да излезе. И тоа не ми се допаѓа, Кармен. Воопшто не ми се допаѓа.
***
– Сакам да знам дали ќе продолжам да работам за вас, – Епигменио го праша Фабијан, кога тоа утро го посети во неговата просторија за работа на хациендата. – Факт е дека со години ви бев верен слуга, дон Фабијан. За вас сторив работи кои никој друг не би ги направил.
– Во ред, – го прекина Фабијан, неволен да разговара за она што го знаеше шоферот. – Но немој никогаш да ме потсетуваш ниту да ме уценуваш со тоа.
– Не, дон Фабијан, погрешно ме разбравте, јас не сакав…
– Добро знам што сакаше да кажеш. Немој да ми се правиш паметен. Сега оди, имам работа.
– Секако, дон Фабијан, извинете ме, – покорно рече шоферот и ја напушти просторијата. Веднаш по него влезе Естер, задишана и исплашена.
– Фабијан, Фабијан, помогни ми.
– Што се случило, Естер?
– Полицијата го истражува исчезнувањето на Гаспар. Се плашам, – додаде низ солзи, барајки ја неговата прегратка.

Само што го заврши телефонскиот разговор со домарката која му ја чуваше куќата во Гвадалахара, во апартманот на Алехандро влезе Дијана.
– Само што зборував со Мерседес, вели дека во куќата ништо не е сменето.
– Има ли новости од Гаспар?
– Не, – одговори Алехандро, длабоко воздивнувајки. – Се јавив во редакцијата каде што работеше и ми кажаа дека не слушнале за него со недели. Полицијата го смета случајот за исчезнат.
– Страшно.

Фабијан ја послужи својата сестра со жесток пијалок, колку да ги смири нервите.
– Се чуствуваш ли подобро?, – ја праша по некое време. – Не знам зошто паничиш. Најлошото што може да се случи е да те испрашуваат од полиција. Бидејки ти си последната личност која го видела Гаспар. Затоа се што треба да направиш е да бидеш смирена.
– Не знам дали ќе можам, Фабијан.
– Тогаш прави се дека си загрижена што нема новости од него. Кажи им дека сте биле љубовници.
– Не можам, бидејки на Карлос му кажав дека Гаспар ми бил само пријател.
– Не е важно што си му кажала на Карлос. Можеш да се извадиш на тоа дека Гаспар не сакал никој да знае.
– Зошто?
– Не почнувај и ти да прашуваш глупави прашања како Марија Клара. Најважно е да бидеш смирена и да знаеш да се контролираш. Знам дека не е лесно, но мораш да се потрудиш. Проклет да е Артемио. Секој пат кога гледам како страдаш, само сфаќам колку те повреди тој човек.
– Кога сме кај него, Бенигно ми кажа дека некоја наводна Исабел го посетила апартманот на Артемио неодамна. Сигурна сум дека била Ана Вирхинија.
– Во едно сум сигурен, Естер, а тоа е дека Артемио сака нас двајца да не обвини за се. Зошто инаку би ги чувал доказите од смртта на Гаспар во својот апартман?!
– Каде се доказите?
– Во мојата соба, сеуште немам одлучено што да правам со нив. Но, не грижи се, тука се безбедни. Знаеш дека има ќерка?
– Артемио?
– Да. Матилде.
– Ќерката на онаа од пансионот? Твојата секретарка?

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!