Браво за телевизија 24 која од ден на ден ја здобива сѐ поголемата доверба на гледачите, не само во однос на информативната туку и во однос на забавната и играна програма. Откако пишувавме за проблемот кој постои со телевизиските сајтови на кои нема прикажано програмски шеми, ТВ 24 за брзо време ги прифати критиките и барањата на гледачите и постави програмски водич на својата интернет страна.
Вака се гради телевизија, вака се прифаќаат барањата на гледачите! За разлика од ТВ 24, одреден дел од националните телевизии сѐ уште немаат никаков водич на своите сајтови каде што гледачите може да се информираат за тековните содржини и термините на нивно емитување.
Дани | ТВ Пакет