Почетна / Серии / Вчера почина најстарата „очајна домаќинка“

Вчера почина најстарата „очајна домаќинка“

 

По долго боледување од рак вчера почина актерката Кетрин Џостен, или за сите нас позната како Карен Мекласки од незаменливата серија „Очајни домаќинки“. Актерката почина само три недели од прикажувањето на последната емотивна епизода од серијата, каде нејзиниот лик засекогаш ја напушти „Вистерија Лејн“ во последните минути од епизодата. Кетрин Џостен, како во серијата, така и во приватниот живот ја изгуби борбата со ракот. Оваа 72-годишна актерка во својата кариера има освоено две награди Еми и тоа за нејзината последна улога – госпоѓа Мекласки. Таа исто така глумеше во сериите „Белата куќа“, „Скрабс“, „Моето име е Ерл“, „Дарма и Грег“ и ред други.

 

 

Во финалето на „Очајни домаќинки“ кога Сузан ја напушти прославената улица, Карен Мекласки се појави како дух и ја испрати својата пријателка. Покрај неа, како бели сенки што тивко набљудуваат, се појавија и сите останати ликови што некогаш беа дел од „Вистерија Лејн“. Гледачите овој момент го оценија како најпотресен и најемотивен, но исто така го сметаат и за морбиден. Нашата омилена серија замина во историјата, а исто така и омилената бабичка. Нека почива во мир, навистина беше одлична актерка!

 

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!