Во новото издание на “Ѕвездичките на Пинк” се претстави нашата учесничка Антониа Гиговска. Во стилот на веселите деведесетти, Антониа ја отпеа “Baby one more time” од тогашната тин ѕвезда Бритни Спирс и очекувано, со сите пет гласа на жири комисијата помина директно во следниот круг од натпреварувањето каде ќе има нова задача и предизвик за сцената на Пинк.
– Беше феноменлна како и секогаш, феноменално ја заврши вечерта. Бритни никогаш вака не ни пеела, но ти ја победи во нашиот натпревар – искоментира Леонтина по настапот на нашата ѕвезда.
Коментарите на останатите членови на жирито погледнете ги во недела во 19.15 часот на Алфа, кога и ќе се емитуваа оваа емисија на Ѕвездичките. И оваа сезона, Македонија ја има можноста да навива за нашата Антониа, која несомнено нема шоу и фестивал каде нема освоено награда. Во продолжение погледнете го настапот на Антониа и следете ги Ѕвездичките во недела на Алфа :
https://www.youtube.com/watch?v=MOaXNT3Bip8
Дани | ТВ Пакет