Почетна / Телевизија / Од четврток во 21 часот, „Чуму“ со Чомовски се враќа на 1 ТВ

Од четврток во 21 часот, „Чуму“ со Чомовски се враќа на 1 ТВ

Секој четврток во 21 часот на 1 ТВ ќе се емитува “Чуму”, познатата авторска емисија на Александар Чомовски која своевремено згасна со згаснувањето на А1 телевизија. Нови дебати за актуелни политички и општествени теми ги очекуваат гледачите на 1 телевизија веќе од овој четврток, 6 декември.

– На „Чуму“ повеќе од носталгијата, ме враќа потреба да го ребрендирам како нова македонска агора, античка сцена во којашто полемизираат умови и креатори, а сите што ќе ја следат треба да бидат учесници, не само на навивачко ниво, туку на еден општ, харизматичен и комуникативен јазик, вели Чомовски.

1ТВ со „Чуму“ ги враќа во етерот социјално-граѓанските теми, преку демистификација на политичките елити, кои се неопходни за државата и вистински израз на демократијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!