Почетна / Сапуници / „Среќа“, нова викенд серија на Сител за младешките соништа

„Среќа“, нова викенд серија на Сител за младешките соништа

Оваа недела (9 декември) со почеток во 19.40 часот на Сител телевизија стартува новата романтична комедија “Среќа”. Оваа зима, уживајте во една топла младешка приказна за соништата и амбициите на едни млади луѓе. Серијата ќе се емитува секоја сабота и недела по централните вести, а во продолжение прочитајте ја содржината на “Среќа”:

Кумсал е млада и богата девојка, која сепак живее неисполнет живот. Мора да прави сѐ како што ќе ѝ каже татко ѝ и поради тоа чувствува дека е загушена и без слобода. Нејзиниот строг татко сака ќерка му да ги следи неговите стапки и да студира архитектура во Измир каде што живее, а пак нејзина желба е да се запише на факултет во Истанбул и да се тргне од тоа место кое ја гуши. Без знаење на татка си, Кумсал ќе аплицира и ќе добие место на универзитет во Истанбул. Во еден таков очаен момент кога се плаши да замине без да дознае татко ѝ младата девојка го запознава Бату, младо и весело момче кое исто така успеал да добие место на факултет во Истанбул. Но, поради недостиг на пари, тој не може да се запише.

Без разлика колку и да биде тешко, овие млади луѓе решаваат да си ја пробаат среќата и да заминат во Истанбул. Таа бега од деспотскиот татко, а тој од проблематичниот татко и човекот кој го следи. Нивните срца ќе затреперат пред прагот на љубовта во големиот град каде тргнаа да ја пронајдат среќата. Но, што за нив ќе биде среќа – бегството од реалните проблеми или слободата која значи борба и опстанок во неизвесната иднина?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!