Почетна / Сапуници / Омилениот актерски пар во нова грандиозна серија на Сител

Омилениот актерски пар во нова грандиозна серија на Сител

Најпопуларните турски актери се враќаат на малите екрани. Пред скоро десетина година ги запознавме во првата турска сапуница емитувана во Македонија, “1001 ноќ”. Шехерезад и Онур ги освоија срцата на гледачите и направија вистинска еуфорична треска секаде каде што се прикажуваше серијата.

По завршувањето на феноменот “1001 ноќ”, Халит Ергенч го гледавме во улогата на султан Сулејман во спектаклот “Величествениот”, а Берѓузар Корел во популарните играни серии “Карадај” и “Мојата тажна песна”. Овојпат, повторно заедно, тие двајца на малите екрани во нова грандиозна серија на Сител телевизија.

“Далеку од дома” е силна љубовна приказна за едно време на војни и завери, која ја карактеризира позната актерска екипа и високи продукциски стандарди. Наскоро на Сител телевизија започнува “Далеку од дома”, а за термините на емитување и содржината, навремено ќе ве информираме.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!