Секоја сабота во 13.25 часот на првиот канал на државната телевизија ќе се емитува нов домашен серијал за новата технолошка петта постиндустриска револуција.
Емисија која ќе ги образува младите како да пливаат во виртуелниот свет и морето од информации. „Медиатека“ треба да ги научи најмладите да ги препознаваат лажните вести, внимателно да „сурфаат“ на социјалните мрежи и да ги користат интернет-алатките, а дигиталната технологија да биде во нивна полза.
„Медиатека“ е проект за медиумска писменост кој е во соработка со Европската унија и Македонскиот институт за медиуми, а во емисијата ќе говорат и познати европски јавни личности кои ќе говорат за предностите и недостатоците на технологиите, користењето на компјутерите, паметните телефони итн.
https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/272298763436000/?t=15
Дани | ТВ Пакет