Во Босна се случила измама за време на извлекувањето на бинго броевите, објави порталот „Плусинфо“. Комисијата направила измама во последното извлекување, кога во тркалото со бројчиња две топчиња биле со бројот три. Правилата велат дека извлекувањето треба да биде поништено, а броевите да се извлекуваат повторно. Никој од гледачите не забележал ниту се пожалил, но на снимката се гледа дека бројот 3 е извлечен на 21-то место, а се појавило уште едно топче со број 3, што може да се види при извлекувањето на 27-та бројка.
Потсетуваме дека и во Македонија се случи нешто слично. Во едно издание на „Лото извлекувањето“ водителката Маријана магично ги погоди броевите што следуваа, гледачите ова го сметаа за измама.
Chris | ТВ Пакет