Вечерва, 29 декември, веднаш по завршување на уште една авантура од потрагата по среќа на Кумсал и Бату, на Сител следува последната епизода од “Нашата Дениз”.
Омилена телевизиска програма за минатава година, согласни се гледачите кои пратат ваков формат на содржини. “Нашата Дениз” со топлата приказна, добрата драма и блискиот хумор успеа да го најде патот до срцата на гледачите. И денес… моментот за топол завршеток на драмата за Дениз и Мират. Крај каков што очекувате, свадба за која сонуваме.
Дали без негативката Хулија, ќе има мир за нашите ликови? Освен за Дениз и Мират, следува ли убав крај и за Фиѓен и Озгур, Еџе и Јусуф? Или нешто сосема неочекувано ќе ја поколеба кревката душа на ликовите?
Во 21.45 часот, веднаш по “Среќа”, гледајте ја последната епизода од “Нашата Дениз”.
Дани | ТВ Пакет