Новогодишна прослава на Македонската телевизија со шоуто кое ќе ни го приредат омилените ликови од хит серијата “Преспав”. Германката Ула, алкохоличарот Миле, хрватскиот геј кувар Марио и “вредната” рецепционерка Јелена ќе ја развеселат најлудата ноќ со свои настапи и вистинско шоу од 21 часот на 31-ви декември.
Покрај нив, гостин во емисијата ќе биде и македонскиот супербренд Каролина. Таа ќе ги отпее највеселите песни од нејзините проекти на новосоздаден етно жанр, а заедно со јунаците од Преспа ќе ја отпее и “Во коси да ти спијам” од легендарниот Тоше Проески. Погледнете ја најавата и доколку останете дома за новогодишната ноќ, уживајте во шоуто на “Преспав” :
Дани | ТВ Пакет