За првото утро од Новата година, Сител телевизија приредува богата детска програма. Сите ранобудници и дечиња ќе имаат единствена можност да уживаат во најнови и најинтересни филмски наслови од светот на детската кинематографија.
Во 7.40 часот наутро на 1 јануари ќе ја следите комедијата “Куче и пони шоу”. Еден коњ… и едно темпераментно куче Диди. Откако циркузот змаинува од грдот, Диди остаува сам и ќе биде згрижен на една фарма каде што започнуваат проблемите и смеата.
Веднаш по Диди, во 9.15 часот ќе се емитува анимираниот филм за “Астро – детето робот”.
Мал робот со неверојатни моќи, светлосна брзина, голема сила и чист дух ќе се обиде да го открие својот полн потенцијал како би искусил да се биде човек и да патува околу светот. Но, неговото патување ќе биде пркеинато од веста дека за неговото гратче и за неговата фамилија претстои опасност.
И во 10.40 часот во продолжение уште една забавна авантура на Сител во која го пратиме астронаутот Чак како се спушта на “Планета 51”.
На новото место, Чак сфаќа дека не е сам и дека планетата е населена од интересни и мали зелени вонземјанци кои се плашат од нови суштества. Со буџет от 49 милиони евра, овој 3Д филм се смета за најскап шпански филм на сите времиња.
Дани | ТВ Пакет