Веднаш по веселата новогодишна програма што ќе се емитува на 1 ТВ, во 1 часот по полноќ на 31 декември ќе се прикаже романтичната комедија за “Божиќната принцеза”. Снимен од Халмарк во 2011 година, во филмот настапуваат актерски имиња како Roger Moore, Katie McGrath, Sam Heughan, Charlotte Salt, Leilah de Meza.
Филмот ја следи приказната за Џул, која по смртта на сестра ѝ и зетот, го превзема старателството врз нејзините внуци. Меди е забавна и весела девојка, но внукот Мило е бунтовен и проблематичен поради што и дадилката ќе мора да ја напушти работата. Но, една неочекувана покана ќе ја “спаси” Џул од маките во кои западна со внукот. Имено, богатиот дедо на децата, од таткова страна, ги повикува сите заедно да го прослават Божиќ во неговата палата. Така и Џул тргнува на тоа патување, а во палатата го запознава принцот од соништата – братот на нејзиниот починат зет, кој исто така се вљубува во неа.
Љубов, романса, хумор и многу интересни случувања следуваат во пресрет на празниците за Џул и нејзиното семејство.
Дани | ТВ Пакет