Вечерва, Телма телевизија, 19.50 часот
Веројатно стана традиција Македонија да игра контра пријателски натпревари со соседна Србија пред да има некое големо ракометно првенство. Па така, лани пред натпреварувањето во Хрватска, успеавме да славиме победа против Србите и тоа на гостински терен, а овојпат го пречекуваме нашиот северен сосед во Арената “Борис Трајковски”. Како ќе се покажат нашите ракометари и колку се вистински подготвени за она што ги очекува во Германија и Данска, ќе видиме денеска преку пријателскиот натпревар, кој ќе го пренесува Телма од 20 часот.
Влезот за дуелот со Србија е слободен, а ракометарите имаа само една желба – полни трибини. Фановите секогаш им давале ветар во грб, секогаш биле нивна главна инспирација, главниот извор од каде црпеле енергија и мотив.
Во пресрет на вториот дел од подготовките селекторот Раул Гонзалез го скрати списокот за двајца ракометари. Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски веќе не се во комбинација за настап на Мундијалот, а пред да се отпатува за Германија ќе следува дополнително кратење бидејќи на конечниот список ќе има 16 играчи. Тој смета дека има многу млади ракометари на кои ќе им даде шанса и кои треба да се покажат на пријателскиот натпревар со Србија.
Дани | ТВ Пакет