По убедливата победа над Јапонија, ракометната репрезентација на Македонија на ова Светското првенство, денеска ќе го игра вториот натпревар со селекцијата на Бахреин. Составот останува непроменет и за овој дуел, па селекторот Раул Гонзалез на трибините ги остави голманот Златко Даскалоски и кружниот напаѓач Милан Лазаревски.
Ова е составот на Македонија за мечот против Бахреин: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Филип Лазаров, Горан Крстевски, Кирил Лазаров (капитен), Мартин Серафимов, Гоце Георгиевки, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.
Правдата на мечот ќе ја водат судиите Исмаил Буалуха и Рамзи Хениси од Тунис. Ги бодриме и денес нашите најдраги – прв канал на Македонската телевизија, почеток 14 часот, меч од група Б на Светското првенство во Германија и Данска.
| ТВ Пакет