Ќе се збогати ли програмската шема на Македонската телевизија со одлуката за отворање нови телевизиски канали? Албанците добиваат свој канал, другите етнички заедници исто добиваат канал. Ќе се реализира оваа одлука? Во продолжение ви пренесуваме дел текстот од Записникот од седницата на МТВ :
Врз основа на член 107 став 1 алинеја 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл. весник на РМ бр. 184/13, 13/2014, 44/2014,101/2014, 132/2014,132/2017) и член 12 од Статутот на ЈРП МРТ, Програмскиот совет на ЈРП МРТ на 77-та се дница одржана на ден 25.12.2018 година, на предлог на Директорот на МРТ со бр.03-6756/1 од 24.1 2.2018 г., донесе ОДЛУКА за нови Програмски сервиси од јавен интерес на ЈРП Македонска Радио Телевизија, односно обезбедување на 5 (пет) нови телевизиски програмски сервиси од јавен интерес на МРТ, и тоа:
- Втор програмски сервис на МТВ–24 часовен канал на албански јазик;
- Трет програмски сервис на МТВ–Канал 3–музика/забава/култура/спорт;
- Четврти програмски сервис на МТВ–Канал 4–Канал за документарна програма и програма на етничките заедници; и
- Петти програмски сервис на МТВ – Канал 5 – Детска програма.
Анета Андонова, одговорен уредниик на првиот програмски сервис на МТВ, го објасни значењето на носењето на вакви нови канали,односно дека истото е идеја која долго време се преговара и договара и се чека на нејзино реалзирање, при што во иднина ќесе реализира нова програма и најважното ќе се добијат нови категории на гледачи.
Мигена Горенца одговорен уредник на втор програмски сервис МТВ која истакна дека со оваа одлука ќе се официјализира вториот канал на албански јазик но со напомена дека оваа ќе е на харија а доколку конечно не се добијат ветениете средства,а со тоа и новите вработувања и техника истиот нема да може да профункционира.
Еран Хасипи уредник на програма на турски јазик објасни дека со ова и турскиот јазик ќе добие повеќе простор како и за реализација за повеќе програма на турски јазик и на другите помали етнички заедници, но мора да се има во предвид дека со тоа ќе дојде и до потребата од повеќе финансии за нов кадар,техника и простор однсоно студија за реализација на истата програма.
По спроведеното гласање се констатира дека Одлука за нови програмски сервиси од јавен интерес на ЈРП МРТ е едногласно усвоена од страна на Програмскиот совет на МРТ.
Дани | ТВ Пакет